Skip to content
Одбери крајОдбери крај
  • 0

    Cart

    No products in the cart.

  • Семејно насилство
    • Што е семејно насилство?
    • Заштита од семејно насилство
    • Изјави на жртви
  • Пријави и побарај помош
    • Центар за правна помош
    • Водич за постапување
    • Национална стратегија
    • Закони и подзаконски акти
    • Протоколи за постапување
  • Кампањи
    • Печатени материјали
  • Истражувања и извештаи
  • Донирај
  • Вести
  • Контакт

16 меѓународни дена на активизам против насилството врз жените

Шеснаесет меѓународни дена на активизам против насилството врз жените е меѓународна кампања организирана од Првиот женски светски институт за лидерство, чиј покровител е Центарот за светско лидерство на жената во 1991 година. Учесниците ја избраа датата, 25 ноември, Меѓународен ден против насилството врз жената, и 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, за да ја симболизира врската на насилството врз жената и човековите права и да нагласи дека таквото насилство е прекршување на човековите права.


Овој период од 16 дена исто така подвлекува други значајни датуми, вклучувајки го и 29 Ноември, Меѓународен ден на заштитниците на женските човекови права, 1 Декември, Сведски ден за борба против сидата, и 6 Декември, Годишнина од масакарот во Монтреал.


Кампањата 16 дена се прославува индивидуално и групно низ целиот свет, каде се користи системот на човековите права за повикување на елиминација на сите форми на насилство врз жената преку:

  • подигање на свеста на локално, национално, регионално и меѓународно ниво
  • зајакнување на локалните иницијативи
  • поврзување на локалните  и светските иницијативи
  • обезбедување на форуми за дијалог и стратешко учество
  • вршење на притисок врз владата за спроведување на обврските кои произлегуваат од националните и меѓународни документи
  • демонстрирање на солидарност на активистите низ целиот свет


Што е насилство врз жената?

“Насилство врз жената можеби е најсрамното прекршување на  човековите права. И тоа е можеби најраспространето. Не познава граници во однос на географската положба, културата или богатството. Се додека продолжува, ние не можеме да кажеме дека е направен вистински напредок во правец на постигнување на еднаквост, развој и мир.


Кофи Анан, поранешен Генерален Секретар на Обединети Нации
“Свет без насилство врз жените”

Сведска Видеоконференција, Обединети Нации,8 март 1999 г.

 

Насилство врз жената е распространето прекршување на човековите права, јавно здравствен проблем, и бариера во постигнувањето на еднаквост, развој, сигурност и мир.  Терминот ” насилство врз жената” и “ насилство базирано  на род ” се користи со цел  упатување на низа  злоупотреби насочени против жената кои произлегуваат од родовата нееднаквост и субординираната положба на  жената во однос на мажот во општеството. Во 1993 година, Декларацијата на Обединети Нации за отстранување на насилство врз жената го дефинира  насилството врз жената како:

“ било кој актна родово базирано  насилство кој резултира или ќе резултира во физичка, сексуална, или  психичка злоупотреба или  страдањето на жената, вклучувајки ги и заканите за такви дела, употреба на сила или кој било друг начин на лишување на слободата, во јавниот или во приватниот животна жената”.

Оваа дефиниција вклучува насилство кое се случува во семејство, во рамките на општеството, и насилство од страна на државата. Формите на   насилство базирано на род, вклучуваат но не се ограничени на семејно насилство, сексуална злоупотреба, силување, сексуално вознемирување, трговија со жени, присилна проституција, и штетни традиционални практики. Покрај тоа, повеќекратните карактеристики  на родовиот идентитет кај жените,  базирани  на факторите како што се, класа  раса, етничката припаднот, религија, сексуална ориентација, доведуваат до зголемување на нивната потчинетост, како и ранливост на насилство. Се проценува дека една од три жени насекаде во светот страда од  насилство врз база на род во нејзиниот живот”.


Извор:

Center for Women’s Global Leadership
http://www.cwgl.rutgers.edu

Кампања на Совет на Европа за борба против насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство

Вовед
Насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство, е една од најсериозните форми на прекршување на човекови права базирани на род. Тоа ја лишува жената од способноста да ги ужива основните слободи и права. Поради нејзиниот пол жената е подложна на физичка, сексуална и/или психичка злоупотреба во семејството или домашната средина, со што насилството врз жената претставува сериозна тешкотија за еднаквоста меѓу жената и мажот.

Покрај позитивните и значителни остварувања во политиките и праксата, насилството врз жената во различни  форми е сеуште широко распространето на сите нивоа во општеството кај сите членки на Советот на Европа.

Податоците за општа распространетост на насилството врз жената покажуваат дека една петина до една четвртина од сите жени имаат искуство од физичко насилство најмалку еднаш во периодот на полнолетноста, и повеќе од една десетинка имаат настрадано од сексуално насилство со употреба на сила. Секундарните  анализирани податоци  одат во прилог на проценката  дека 12% до 15% од сите жени биле во врска на домашна злоупотреба по навршување на шеснаесетта година. Многу повеќе продолжуваат да страдаат од физичко и сексуално насилство од поранешниот партнер и по прекинувањето на врската.

 

Историски осврт на Кампањата
Едно од примарните значења на Советот на Европа е да ги заштитува човековите права. Насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство, ја поткопува најзначајната вредност на која се базира Советот на Европа. Советот на Европа, односно Управувачкиот Комитет за еднаквоста меѓу жената и мажот, превзеде низа иницијативи за унапредување на заштитата против насилството врз жената. Третата Европска Конференција на министри за еднаквоста меѓу жената и мажот, во 1993 година, беше посветена на градење на стратегии за отстранување на насилството врз жената во општеството: медиуми и други ресурси.

Во 1997 година, паралелено со спроведувањето на препораките на третата Европска Конференција на министри, Акционен план за  борба против насилството врз жената, беше развиен. Истиот имаше за цел востановување на политика/ рамка  за дејствување на национално ниво. Овој акционен план беше придружен со усвојувањето на Препораката 2002(5), во април 2005 год. на Советот на Европа за земјите членки во однос на заштитата против насилството. Овој законски инструмент беше првиот меѓународен инструмент со кој се понудува светска стратегија за спречување на насилство и заштита на жртвите, опфаќајки ги сите форми на насилство врз база на род.

Во препораката се потенцира дека владите ќе го известат  Советот на Европа за сите последователни активности на национално ниво. Воедно, на крајот беше подготвена рамка за мониторинг и следење на  напредокот од имплементацијата, и истата  беше испратена до земјите членки во 2005 година. Резултати се  содржани во студијата “ Преглед на  постигнатите  мерки и  акции превземени во земјите членки на Советот на Европа“,  објавена во  пролетта во 2006 година.

Државите и Владите  на земјите членки на Советот на Европа ја реафирмираа нивната заложба за искоренување на насилството врз жената, , со усвојување на  Акционен план на Третиот самит  

(Варшава, 16-17 Мај  2005), Истиот вклучува два типа на  конкретни мерки за борба против насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство:

  • Воспоставување на “Група за акција” за борба против насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство за оценка на напредокот на национално ниво и воспоставување на инструменти за мерење на развојот  на европско ниво, заради превземање на предлози за акција.
  • Спроведување на кампањи за борба против насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство во тесна соработка со други европски и национални актери, вклучувајки ги и невладините организации.

Следствено на овој Акционен план, беше формирана Група за акција, составена од осум меѓународни експерти на полето на превенирање и борба против насилството врз жената, во почетокот на 2006 година. Напоредно со процесот на евалуација на напредокот во национално ниво и воспоставување на инструменти за мерење на квантитативен развој, беше подготвен и Blue print на Советот на Европа за борба против   насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство.

Истиот беше одобрен од Комитетот на министри на Советот на Европа на 21 јуни 2006 година и служи како показател(roadmap) за спроведување на кампањата.

 

Дефиниција за насилство
Во согласност со дефиницијата содржана како додаток во Препораката (2002 година) 5, под терминот ”насилство врз жените”,  се подразбира секој акт на родово засновано насилство, кој резултира, или е подобен да резултира во физичко, сексуално или психичко злоставување или страдање на жените, вклучувајки ги заканите за таквите дела, насилство, или своеволно лишување од слобода, без ралика дали се случува во јавниот или приватниот живот. Тоа вклучува:

,,насилство кое се  случува во семејството или домашната заедница, вклучувајки ги физичката и психичката агресија, емоционално и психолошко злоставување, силување и сексуално злоставување, инцест, силување помеѓу брачните партнери, постојани  или привремени партнери или лица кои живеат заедно, и вонбрачни партнери, кривични дела извршени во името на честа, женското полово и сексуално осакатување и други традиционални практики штетни за жената, како што се  бракови под присила”.

 

Цели
Препознавајќи го напредокот на различните нивоа во борбата против насилството врз жената во 47те земји членки на Советот на Европа, целите на кампањата се:

  • Зголемување на свеста  дека насилството врз жената е  кршење на човековите права и охрабрување на секој граѓанин во оваа насока
  • Ургирање до земјите членки да демонстрираат политичка волја со обезбедување на адекватни ресурси за постигнување на конкретни резултати во искоренувањето на насилството врз жената
  • Унапредување на имплементацијата на ефективни мерки за спречување и елиминирање на насилството врз жената, прекузаконодавството  и националните акциони планови за спроведување на Препораката (2002)5 и редовно следење на остварениот напредок.

 

Објективност
Логото на кампањата ги повторува повеќе пати четирите тематски области од Препораката,  како цели:

  • мерки на ниво на закони и политики
  • подршка и заштита на жртвите
  • собирање на податоци
  • подигање на свеста

До земјите членки се ургира да направат значителен прогрес во наведените области за време на кампањата. Кон крајот на кампањата, од нив ќе се побара да направат проценка на нивниот целокупен национален пристап во спречувањето и сузбивањето на семејното насилство и да ги идентификуваат недостатоците кои треба да бидат надминати со соодветни мерки.

 

Пораки
Кампањата е насочена кон ширење на следните четири пораки:

  • Борбата со семејното насилство бара заедничка јавна акција
  • Семејното насилство е прекршување на  човековите права
  • Семејното насилство предизвикува сериозни повреди за жената и штети за целокупното општество, вклучувајки ги и идните генерации
  • Семејното насилство бара мажите активно да учествуваат во борбата против насилството врз жената

 

Имплементација
Кампањата се состои од три димензии: меѓувладин, парламентарен и локален и регионален. Носители се  Советот на Европа и земјите членки, во партнерство со меѓувладини организации и здруженија на граѓани вклучени во заштитата на жените од насилство.

 

Совет на Европа
Следните активности се носат преку различни тела на Советот на Европа:

  • серија од регионални семинари за информирање и подигнување на свеста
  • состаноци на националните контакт лица за кампањата
  • активности насочени кон вклучување на националните парламенти под ,,Обединети парламенти во борба против насилството врз жената,,
  • активности насочени кон вклучување на Конгрес на локални и регионални авторитети

 

Земји членки
Земјите членки се задолжени за спроведување на следните активности:

  • да назначат претставници на високо ниво (највисоки политички претставници од власта на полето на родова еднаквост) и национални контакт лица (државни службеници од средно ниво) за кампањата на Советот на Европа и националните кампањи
  • организирање на национални кампањи паралелно или последователно на кампањата на Советот на Европа, за утврдување на националната ситуација и дефинирање на конкретни цели согласно структурата на  кампањата
  • поднесуваат извештаи за активностите и за прогресот на кампањата до Групата за акција на Советот на Европа во борба против насилството врз жената, вклучувајки го и семејното насилство

 

Меѓународни меѓувладини организации

  • Идентификација на областите за соработка заради поврзување на активностите и создавање на соодветни ефекти

 

Здруженија на граѓани
Советот на Европа ќе воспостави блиска соработка со Здруженија на граѓани активни во спречување и борба против насилството врз жената. Повеќе информации за различните активности, посебно во однос на  конференциите и семинари, можат да се најдат на:

www.coe.int/stopviolence/intergov.

 

Почеток и времетраење
Кампањата беше лансирана во рамките на конференцијата на највисоко ниво, која се одржа во Мадрид на 27 ноември 2006 година и ќе заврши во јуни 2008 година.

  • Семејно насилство
  • Пријави и побарај помош
  • Кампањи
  • Истражувања и извештаи
  • Донирај
  • Вести
  • Контакт
Copyright 2020 © Семејно Насилство
  • Семејно насилство
    • Што е семејно насилство?
    • Заштита од семејно насилство
    • Изјави на жртви
  • Пријави и побарај помош
    • Центар за правна помош
    • Водич за постапување
    • Национална стратегија
    • Закони и подзаконски акти
    • Протоколи за постапување
  • Кампањи
    • Печатени материјали
  • Истражувања и извештаи
  • Донирај
  • Вести
  • Контакт
  • Login
  • Newsletter

Login

Lost your password?