Регулирање на семејното насилство
Регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство ја вброи Република Македонија во редот на држави кои, покрај задолжителното пружање на соодветна заштита на жртвата на семејно насилство, воведе и комплементарна правна заштита на жртвите во овие случаи. Во 2004 год, за прв пат се регулираше проблемот на семејно насилство како во граѓанското, така и во казненото законодавство, со што се обезбеди сообразност со меѓународните стандарди и препораки во оваа сфера, кои налагаат воведување на сеопфатни законски решенија, односно инкриминирање на семејното насилство и воведување на привремени мерки за заштита на жртвите на истото.