Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








CIVICA MOBILITAS – Активности за анализа и развивање на политики за унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво, јули - септември 2010 година - 01.12.2010 во 10:05

За таа цел беа доставени прашалници до надлежни институции (Основно Јавно обвинителство, Сектор за внатрешни работи, Центри за социјална работа и Основните судови во општина Кочани и Тетово за прибирање на квантитативни податоци за застапеноста и постапувањето по однос на семејното насилство во двете општини. Покрај доставување на прашалници до горенаведените институции, во двете општини беа спроведени интервјуа со цел прибирање на квалитативни податоци по однос на постапувањето на одредени катери. Имено, во општина Тетово се реализираа интервјуа со претставник од Центарот за социјална работа, полициската станица Тетово, претставник од општина Тетово и претставник од граѓанска организација. Во општина Кочани се реализираа интервјуа со претставник од полициска станица, Центар за социјална работа, општината Кочани и преставник на граѓанска организација.
Прибраните податоци беа обработени и врз основа на нив беше подготвена сумарна квантитативна и квалитативна анализа на институционалниот одговор кон семејното насилство во двете општини (Кочани и Тетово).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

naslovna

kontakt

imash pravo