Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








CIVICA MOBILITAS - Прва средба на работните групи за изработка на Локални акциони планови - 19.07.2010 во 11:09
Првата средби на работните групи, во склоп на програмата CIVICA MOBILITAS, се одржаа на 30.04.2010 во Општина Тетово и 06.05.2010 во Општина Кочани.

Работните групи формирани во двете општини имаат за цел да изработат локалните акциони планови за унапредување на репродуктивното здравје на населението во соодветните општини, процес кој ќе биде фацилитиран од страна на ЕСЕ. Членови во работните групи се претставници од локалната самоуправа од двете општини, здравствените домови, Центрите за јавно здравје, Општа болница – Кочани, Клиничка болница – Тетово, како и од претставници од локалните граѓански организации и тоа од Општина Тетово („Романо суно“ и Женски форум – Тетово) и од Општина Кочани („Светла иднина“ и „Европско Кочани“).

Првата средба на работните групи беа одржани со цел учесниците да се запознаат со целите и методологијата на работа на работната група. Една од задачите на работната група е да подготви ситуациона анализа за состојбата со репродуктивното здравје на локалното население, како и за состојбата со достапноста и пристапот до здравствените услуги поврзани со репродуктивното здравје. За оваа потреба ќе се изврши мониторинг на имплементација на превентивните програми на Министерството за здравство во двете општини, како и мониторинг на функционирањето на здравствените установи кои нудат услуги од областа на репродуктивното здравје. Со таа цел, учесниците во работните групи утврдија кои информации се потребни да се добијат и од кои институции да се побараат, за да може соодветно да се изготви ситуационата анализа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

naslovna

kontakt

imash pravo