Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








CIVICA MOBILITAS - Работни средби во општина Тетово и Кочани - 19.07.2010 во 11:09
Првата работна средба имаше за цел првично запознавање на работната група со методологијата на работа и планираните активности кои имаат за цел подготовка на анализа за состојбата со семејното насилство, а потоа врз основа на истата и подготовка на Локални акциски планови за семејно насилство. Воедно, на првата работна средба, членовите на работната група отпочнаа со утврдување на параметри и потребни информации кои треба да се приберат од страна на надлежните институции на локално ниво.

Врз основа на утврдените параметри, ЕСЕ подготви нацрт - прашалници за надлежните институции. Овие прашалници беа предмет на разгледување и дополнување на втората и третата работна средба на работните групи. Втората и третата работна средба (реализирани преку еднодневна работилница) се одржаа на 31.05.2010 во Кочани и 01.06.2010 во општина Тетово. На овие средби се договорија и понатамошните активности во насока на прибирање на достапната буџетска документација и идентификување на лица за спроведување на потребните интервјуа.

Втора и трета средба на работната група за спроведување на анализа на институционалниот одговор кон семејното насилство и подготовка на локален акциски план за унапредување на системот за заштита од семејно насилство во општина Тетово

Во просториите на малата сала во општина Тетово, на 01 Јуни 2010 година, со почеток во 10:00 часот, се оддржа втората и третата средба со претставниците на работната група за семејно насилство. Средбата ја модерираше Марија Гелевска, координаторка на програмата за женки ќовекови права од ЕСЕ.

На работната средба која започна во 10:00 часот, беа дискутирани и разгледувани нацрт-прашалници за мапирање на состојби на релевантни институции на локално ниво- прашалниците беа подготвени за центрите за социјална работа, МВР, јавното обвинителство и судовите. На работната средба овие прашалници внимателно се разгледуваа и сите забелешки се земаа в предвид, за да се инкорпорираат во финалната верзија на истите. Подоцна овие прашалници ќе служат за интервјуирање на релевантни професионалци од горенаведените институции, со цел да се добие детална слика за постапувањето и состојбите на полето на семејно насилство на локално ниво.




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

naslovna

kontakt

imash pravo