Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








Подготвени и публикувани Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство и Анализа на засолништа - 19.07.2010 во 11:06
Анализата на засолништата претставува прв обид за согледување на состојбите во однос на засолнувањето во нашата земја од перспектива на оние кои ја нудат – засолништата и оние кои ја примаат оваа заштита – засолнатите жртви. Таа нуди општи информации за засолништата, преку кои можете да ја формирате сликата за бројот и времето на формирање на засолништата; бројот на легла и бројот на засолнати жртви; нивната организациона поставеност, како и финансиските и човечките ресурси со кои располагаат. Но, исто така, анализата нуди и информации и заклучоци во врска со: пристапот и постапката за засолнување, заштитата и ефектите од обезбедената заштита и можностите за унапредување од перспектива на вработените во засолништата и меѓуопштинските центри за социјална работа (МЦСР) и од перспектива на засолнатите жртви.

Подготовката и објавувањето на Водичот за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство и Анализата на засолништа се дел од активностите спроведени во рамки на проектот Превенција и елиминирање на семејното насилство во Македонија, на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ - ЕСЕ и Women against violence – Europe. Овој проект е спроведен во партнерство со Министерството за труд и социјална политика на РМ, а финансиски беше поддржан од страна на Владата на Република Австрија, односно од Министерството за труд, социјална политика и заштита на правата на потрошувачите на Република Австрија.

Прилог

Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство.pdf

Прилог

Анализа на засолништа.pdf

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

naslovna

kontakt

imash pravo