Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








Новогодишна забава и пакетчиња за децата на жените жртви на семејно насилство - 19.07.2010 во 11:05
По повод Новогодишните празници, Здружението ЕСЕ секоја година организира забава и доделува новогодишни пакетчиња на децата на жените жртви на семејно насилство, кои се корисници на бесплатна правна помош во Центарот за правна помош и Психолошкото советувалиште за семејно насилство.

Оваа година ЕСЕ со поддршка на маркетите Тинекс и Веро обезбеди 80 новогодишни пакетчиња, а Мек Доналдс обезбеди простор и оброк за Новогодишната забава за 30 деца. На забавата која се одржи на 27.12.2009 година, во ресторантот на Мек Доналдс во Центар присуствуваа 32 деца и нивните родители. За празничното расположение на децата се погрижи аниматор со куклена претстава во траење од два часа.

Остатокот од приближно 50 новогодишни пакетчиња ќе се поделат на децата на жените жртви на семејно насилство во просториите на Здружението ЕСЕ.

На донаторите им упатуваме голема благодарност за нивната хуманост и разбирање за поддршка на овие активности.












 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

naslovna

kontakt

imash pravo