Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство


Што претставува советувалиштето?

Советувалиштето преставува прв специјализиран вид на советувалиште кое  нуди  директна психосоцијална поддршка и третман за сите жртви на семејно насилство кои се подготвени да го прекинат кругот на насилство и да го променат дотогашниот начин на живеење.

Тоа е специјализирана форма на помош од страна на професионалци кои ја водат жртвата низ процесот зајакнувајќи ја нејзината независност во донесувањето на вистински одлуки. Советувалиштето нуди повеќе видови на помош и тоа во домените на превенција, советување и кризна или пост- трауматска интервенција.

Каков вид на психолошката помош и совети се нудат:

- примарна психолошка помош
- итна интеревенција за заштита од насилството
- психолошка помош и поддршка во услови на долготрајна изложениост на насилство и
- кризна интервенција.

Кој може да се обрати во советувалиштето?
Корисници на психолошкото советувалиште се жените -жртви на семејно насилство, но исто така и децата како секундарни жртви на насилство.

Процесот на помош и поддршка се остварува преку одржување редовни средби на индивидуално ниво или група и по нивно претходно закажување.

Начин на работа на советувалиштето
Советувалиштето работи секој работен ден ( понеделник - петок) во траење  од по три часа.
Социјалниот  работник го врши првичниот прием и закажувањето .
По првичниот прием и закажување на средбите, жртвите на семејно насилство  можат да реализираат средба со советувачот терапевт.

 

Доколку си жртва на семејно насилтво

БАРАЈ ЗАШТИТА!

 

Психолошко советувалиште за семејно насилство - ЕСЕ: 02 529 -7166

Центарот за правна помош - ЕСЕ: Скопје    02        3117 866


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Menu


Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte








Nacionalna strategija

Vodic 1

Vodic 2