Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








CIVICA MOBILITAS – Промоција на Локални акциони планови за унапредување на репродуктивното здравје на населението и за унапредување на системот за заштита од семејно насилство во Општина Кочани - 21.03.2011

Презентација на соодветните локалните акциони планови се одржа и во Општина Кочани во салата на Советот на општината на ден 24.12.2010 година (петок). Локалниот акционен план за унапредување на репродуктивното здравје на населението беше презентиран од страна на претставник на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, инаку член на работната група која го подготви локалниот акционен план. Локалниот акционен план за унапредување на системот за заштита од семејно насилство беше презентиран од страна на претставник од локалната самоуправа на Општина Кочани, од страна на претставник од МВР – Полициска станица Кочани, како и од претставник од Центарот за социјални работи – Кочани, инаку сите членови на работната група која го подготви локалниот акционен план.

[повеќе]

CIVICA MOBILITAS – Промоција на Локални акциони планови за унапредување на репродуктивното здравје на населението и за унапредување на системот за заштита од семејно насилство во Општина Тетово - 21.03.2011

На ден 28.12.2010 година (вторник) во хотел Лирак во Општина Тетово се одржа јавен настан за промоција на Локалните акциони планови, и тоа на Локалниот акционен план за унапредување на репродуктивното здравје на населението во Општина Тетово и Локалниот акционен план за унапредување на системот за заштита од семејно насилство во Општина Тетово. Двата локални акциони плана беа претставени пред претставниците на локалната самоуправа, членовите на Советот на општината, претставниците од јавните здравствени установи, претставници од Центарот за социјална работа, претставници од МВР, претставници од локалните граѓански организации, како и пред пошироката публика во општината. Целта на презентацијата беше претставниците од локалната самоуправа и останатите релевантни институции да се запознаат со содржината на локалните акциони планови и со планираните активности.

[повеќе]

CIVICA MOBILITAS – Работна средба за спроведување на анализа на институционалниот одговор кон семејното насилство и подготовка на локален акционен план за унапредување на системот за заштита од семејн - 01.12.2010

Во просториите на општинската сала на општина Кочани, на 06 октомври 2010 година, со почеток во 10 часот, се оддржа првата работна средба со претставниците на работната група за подготовка на локалниот акционен плана за семејно насилство.
На работната средба беа презентирани наодите од подготвената анализа за застапеноста и постапување на институциите по случаи на семејно насилство. Анализата беше подготвена врз основа на добиените податоци од релевантните институции на локално ниво (Центар за социјална работа, Основно јавно обвинителство, полициска станица).
На следните работни средби, работната група ќе работи на дефинирање на клучните проблеми и на приоретизација на проблемите на локално ниво во двете општини во однос на постапувањето по семејно насилство.
[повеќе]

CIVICA MOBILITAS – Активности за анализа и развивање на политики за унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво, јули - септември 2010 година - 01.12.2010

Во рамките на компоненетата за „Анализа и развивање на политики на локално ниво - политика за унапредување на системот за заштита од семејно насилство“, во периодот јули-септември 2010 година беа реализирани активности за спроведување на квантитативна и квалитативна анализа на постапување на актерите од граѓанскиот и кривично правниот систем на заштита. [повеќе]

CIVICA MOBILITAS - Прва средба на работните групи за изработка на Локални акциони планови - 19.07.2010

Прва средба на работните групи за изработка на Локални акциони планови за унапредување на репродуктивното здравје на населението на локално ниво во општините Тетово и Кочани (мај, 2010)

Првата средби на работните групи, во склоп на програмата CIVICA MOBILITAS, се одржаа на 30.04.2010 во Општина Тетово и 06.05.2010 во Општина Кочани.
[повеќе]

CIVICA MOBILITAS - Работни средби во општина Тетово и Кочани - 19.07.2010

Работни средби за спроведување на анализа на институционалниот одговор кон семејното насилство и подготовка на Локален акциски план за унапредување на системот за заштита од семејно насилство во општина Тетово и Кочани (април, мај и јуни, 2010)

Првата работна средба на работните групи за спроведување на анализа на институционалниот одговор кон семејното насилство и подготовка на Локален акциски план за унапредување на системот за заштита од семејно насилство во општина Тетово и Кочани во рамки на програмата CIVICA MOBILITAS се одржаа на 26.04.2010 во општина Тетово и на 06.05.2010 во општина Кочани. Во работните групи формирани во секоја од општините членуваат претставници од локалната самоуправа, полициските станици, Центрите за социјална работа, општите болници, како и претставници од граѓански организации од вклучените општини.

[повеќе]

CIVICA MOBILITAS - Унапредување на системот за заштита на жртви на семејно насилство во општина Тетово - 19.07.2010

25-26 март 2010 година

Во периодот од 25-26 март во х.„Лирак “, Тетово се одржа обуката за „Унапредување на системот за заштита на жртви на семејно насилство “ во рамките на програмата CIVICA MOBILITAS за општина Тетово.


[повеќе]

CIVICA MOBILITAS - Унапредување на системот за заштита на жртви на семејно насилство во општина Кочани - 19.07.2010

04-05 март 2010 година

Третиот модул на обука именуван како „Унапредување на системот за заштита на жртви на семејно насилство “ во рамките на првата програмска компонента „Јакнење на капацитетите на локалните власти и граѓанските организации на локално ниво“ на програмата CIVICA MOBILITAS за општина Кочани, се одржа во периодот од 04-05 март 2010 година во х.„Гратче“, Кочани.

[повеќе]

Подготвени и публикувани Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство и Анализа на засолништа - 19.07.2010

февруари 2010 година

Потребата од постоење на специјализирано психолошко советувалиште кое ќе нуди директна психо-социјална поддршка за жртвите на семејно насилство нè обврза да формираме и отвориме вакво советувалиште во април 2009. Процесот на формирање и отворање на советувалиштето подразбираше подготовка на Програма за работа и Водич за психолошка помош и поддршка. Програма и Водичот нудат информации за семејното насилство и предметот, методите и начинот на работење на специјализираното психолошко советувалиште. Тие се наменети за стручните лица кои се занимаваат или имаат намера да се занимаваат со давање на овој вид на помош и поддршка.

[повеќе]

Новогодишна забава и пакетчиња за децата на жените жртви на семејно насилство - 19.07.2010

По повод Новогодишните празници, Здружението ЕСЕ секоја година организира забава и доделува новогодишни пакетчиња на децата на жените жртви на семејно насилство, кои се корисници на бесплатна правна помош во Центарот за правна помош и Психолошкото советувалиште за семејно насилство.

Оваа година ЕСЕ со поддршка на маркетите Тинекс и Веро обезбеди 80 новогодишни пакетчиња, а Мек Доналдс обезбеди простор и оброк за Новогодишната забава за 30 деца. На забавата која се одржи на 27.12.2009 година, во ресторантот на Мек Доналдс во Центар присуствуваа 32 деца и нивните родители. За празничното расположение на децата се погрижи аниматор со куклена претстава во траење од два часа.

Остатокот од приближно 50 новогодишни пакетчиња ќе се поделат на децата на жените жртви на семејно насилство во просториите на Здружението ЕСЕ.

На донаторите им упатуваме голема благодарност за нивната хуманост и разбирање за поддршка на овие активности.

[повеќе]

Вести и Архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu


Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte








Nacionalna strategija

Vodic 1

Vodic 2