Menu


Н О В О

Барај заштита! [мк]


Барај заштита! [alb]


Молчењето не е злато


Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата








Центри за правна помош -
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.М - ЕСЕ


ЕСЕ - Центар за правна помош- Скопје

02 3117 866

ЕХО - Едукативно- хуманитарна организација -Штип
Центар за Правна помош
032 384 143

ФАЖ –
Форум на албанска жена-Тетово
Центар за Правна помош
044 343 410



Нашата општа определба е работа на полето на женските права како дел од општите човекови права. Со цел унапредување на положбата на жената во правниот систем во Република Македонија, формиравме  три центри за правна помош.

Нашата цел е пружање на бесплатна правна помош и заштита на жените на кои им е најпотребна, без разлика на нивната националност, религија и возраст.

Центрите  за правна помош ќе го поттикнат процесот на правно описменување на секоја жена и ќе овозможи нејзино активно вклучување во процесот на унапредување и заштита на нејзините права.

Центарот за Правна Помош –Скопје,  Ви ги нуди следниве услуги:

Бесплатни правни совети по телефон
     · јавете ни се секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот
     · ќе Ви дадеме соодветен правен совет
     · ќе Ве упатиме до соодветна надлежна институција

Бесплатно судско застапување
     · Јавете ни се секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот
     · Ќе бидете примени од персоналот на ЦПП-Центарот за правна помош
     · Како потенцијална странка ќе биде разгледана вашата комплетна документација
     · Стручниот тим на ЦПП ќе оцени за понатамошните постапувања по вашиот случај

Основен принцип на Центарот за правна помош е почитување на Вашето право на доверливост на изнесените информации.

Домен на работа на Центарот за правна помош е:
     · брачни односи / развод на брак
     · старателство
     · издржување
     · имотно-правни односи
     · наследни односи
     · кривично-правна заштита
     · социјална помош (совети и упатување)
     · психолошка поддршка

Доколку сте жена - жртва на семејно насилство, Ви нудиме:
     · бесплатни правни совети на цела територија на Р. Македонија
     · бесплатно судско застапување за оние случаи за кои се надлежни судовите во Скопје, Штип и Тетово.

Јавете ни се:
     · Ако ви треба помош, но не знаете од каде да почнете
     · Ако не сте сигурни каков вид правна помош и заштита ви се потребни
     · Ако сте ги исцрпиле сите можни начини
     · Ако едноставно не знаете кому понатаму да се обратите
     · Можеме да разговараме за сите можни опции и решенија за Вашиот проблем

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Menu


Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte








Nacionalna strategija

Vodic 1

Vodic 2